Ракометот повеќе не е празник (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија е навикната своите последни квалификациски натпревари да ги игра пред преполните трибини на „Борис Трајковски“.

Вообичаeно голем број љубители на ракометот еуфорично ги поздравуваа ракометните херои и заедно се прославуваше пласманот на големите натпреварувања.

Без разлика дали е празник, делник, средина на работната недела… македонските ракометни фанови секогаш беа тука кога е потребно да се подигне духот, да се мотивираат ракометарите и да се пофалат за одлично сработените квалификации.

Таква е ситуацијата и сега, Македонија е пред пласман на ЕП2024, Турција е противник по мерка, но продолжениот викенд не ги насочи ракометните фанови кон „Борис“, веројатно кон некои потопли места…

Фотографиите се направени при интонирање на химните, а ниту последниот меч на легендарниот Гоце Герогиевски „Џомба“ не беше доволна причина за полни трибини. Македонците одлучија, ракометот веќе не е празник! Нека ни е честит 1ви Мај.