Ракометниот клуб „плати“ за фудбалските: Челзи со екс играч на Тиквеш славеше убедливо над Манчестер

На фудбалскиот тим Челзи годинава не му оди во Премиер Лигата против големите ривали од Манчестер – Сити и Јунајтед.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ загуби два пати од Сити, а со Јунајтед ремизираше еднаш. Сепак сметката на фудбалските тимови ја „плати“ ракометниот клуб од Манчестер.

Челзи, во чиј ростер настапува некогашниот ракометар на Тиквеш – Марјан Матошиќ, славеше убедливо против Манчестер со 36-30.

На натпреварот од првото коло во Националната ракометна лига, втора по ранг, Челзи имаше предност од 15-14 на полувремето, а во вториот дел комплетно беше скршен отпорот на гостите.

Средниот бек Матошиќ беше стрелец на два гола во оваа победа на лондонскиот клуб. Челзи во второто коло ќе игра на гостински кај тимот на Ливерпул, кој е лидер на табелата.