Jim GOTTFRIDSSON (24) and Lukas SANDELL (33) during the medals ceremony, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 30.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Ракометна треска во Шведска, финалето го гледале над 2 милиони гледачи

Репрезентацијата на Шведска дојде до победа во финалето против Шпанија со 27:26, а овој натпревар донесе трофеј за Швеѓаните и голема гледаност на истиот.

Швеѓаните се обземени од ракометна треска бидејќи веруваа дека овој пат нивните миленици можат да стигнат до трофејот, а тие тоа го направија.

Според податоците од ТВ 6 финалето го следеле 2.107.000 гледачи и ова е втор спортски настан на телевизијата. Воедно финалето е во топ 5 најгледаните спортски настани на Виаплеј (стриминг) каналот.

Ова е доказ колку репрезентативците на Шведска направија во последните денови така што ракометната треска продолжува до следниот јануари кога на домашен терен ќе се оди по круна на Светското првенство.