Ракометна поддршка за фудбалерите во Лигата на нации (ФОТО)

Машката фудбалска репрезентација на Македонија славеше против Гибралтар со 4-0 во четвртото коло од Лигата на нации.

Меѓу навивачите на арената „Тоше Проески“ беа и ракометарките Јована Саздовска и Ивана Гакидоа, потоа ракометарите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, Марио Танкоски и Филип Арсеновски…

Македонските фудбалери без поголеми проблеми го демолираа Гибралтар, а стрелци на головите беа Бојан Миовски, Енис Барди и Дарко Чурлив, а гостите си постигнаа и автогол.

По ремито меѓу Бугарија и Грузија, Македонија останува во борба за првото место во групата што носи место во бараж за ЕП.