Germany vs Serbia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 15.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Ракометна еуфорија во Србија, натпреварот со Германија го гледале над еден милион гледачи

Радио телевизијата на Србија (РТС) објави информација дека натпреварот меѓу Србија и Германија на Светското првенство 2023, кој беше одигран во рамки од групната фаза, го следеле повеќе од еден милиони гледачи во Србија, односно 1.473.000 љубители на ракометот.

Натпреварот од Краков во Србија бил најгледан на сите телевизии во неделата на 15 јануари ако се земе предвид вкупниот број на гледачи. Тоа изнесува 25,5% од вкупниот број на телевизиски гледачи во неделата.

Бројот на гледачите на „орлите“ секако е поголем ако се знае дека РТС не е единствената телевизија во Србија која го пренесува Светското првенство од Полска и Шведска.

Натпреварите од Мундијалот ги пренесува и Арена Спорт ТВ, а дел од гледачите дуелите од големото натпреварување ги следат и преку интернет.

Од Германија пред извесен период објавија дека дуелот меѓу германската репрезентација и Србија го следеле повеќе од 6 милиони гледачи.

Избраниците на Тони Херона, откако изборија пласман во главната рунда, за следни ривали ги имаат репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина.