Germany vs Serbia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 15.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Ракометна треска во Германија, натпреварот со Србија го следеле 6 милиони гледачи

Ракометот е секако еден од најгледаните спортови во Германија и сосема разбирливо беше вчерашниот натпревар меѓу Германија и Србија од Светското првенство да има огромна гледаност, особено што се играше во недела попладне во еден од ударните телевизиски термини.

Натпреварот беше пренесуван на каналот АРД и го следеа повеќе од 6 милиони гледачи, тоа изнесува 25,5 % од вкупниот број на телевизиски гледачи во неделата. Натпреварот од првото коло меѓу германската репрезентација и Катар го следеле околу 4,85 милиони гледачи во Германија.

Ракометниот натпревар беше само втор, веднаш по женскиот масовен старт на Светското првенство во биатлон во Руполдинг, Германија, но вкупниот број на гледачи на биатлонот е за еден милион помалку.

Германија во двата воведни натпревари славеше победа над Катар и Србија. Избраниците на Алфред Гисласон во последното, трето коло, од групната фаза ќе играат против селекцијата на Алжир.