Ракометар со титула од СЕХА потпиша за Драчево

Поранешниот ракометар на Вардар, Влатко Јовчевски во продолжението од сезоната ќе ги брани боите на прволигашот Драчево.

По кратката пауза откако играше за Пролет, Јовчевски повторно се активира на ракометните терени и ќе се обиде да му помогне на Драчево во борбата за бараж за Суперлигата.

Десното крило, кое има титула во регионалната СЕХА лига со Вардар во сезоната 2011/12, во меѓувреме играше за МРК Вардар и Радовиш.

Јовчевски има настап на младинското СП во Охрид под водство на Веселин Вујовиќ во 2007 година, а има одиграно и безброј меѓународни средби за Вардар, па ќе биде од голема помош за младиот тим на Драчево во плеј-офото од Првата лига.