Ракометар на Нексе направи трансфер од соништата

Ракометарот на Нексе, Томислав Северец во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.

Левиот бек ќе игра во најсилната лига на светот и ќе го носи дресот на поранешниот европски шампион Хамбург.

Хрватскиот ракометар и раководството на Хамбург се договорија на соработка до 2025 година.

Дел од стручниот штаб на Хамбург е некогашниот репрезентативец на Хрватска, Блаженко Лацковиќ.

Северец оваа година беше на поширокиот список на поранешниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват и беше меѓу потенцијалните играчи за настап на Светското првенство 2023, но поради големата конкуренција не отпатува на Мундијалот.

25-годишниот ракометар, кој игра на позицијата лев бек, веќе неколку сезони настапува во клубот од Нашице.

Својата кариера ја започна во клубот Полет Станчиќ, беше дел и од екипите на Дуго Село и Умаг.