Ракометар на Мотор пред трансфер во Шпанија

Литванскиот ракометар од редовите на Мотор  Аиденас Малашинскас би можел остатокот од сезоната да го помине во Мотор.

Според „lanuevacronica.com“ Малашинскас ја прифатил понудата од шпанскиот Адемар Леон. Литванскиот плејмејкер наводно ги договорил условите со Адемар и ќе ја заврши сезоната во Шпанија.

Малашинскас е играч на Запорожје, па затоа покрај договорот со играчот кој е постигнат шпанскиот клуб сега треба да се договори со Мотор за начинот на кој Малашинскас би се преселил во Шпанија. Според она што се најавува се очекува да се постигне договор.

Треба да се спомене дека 35-годишниот Малашинскас добро се познава со актуелниот тренер на Адемар, Маноло Каденас, двајцата соработуваа во Грањолес.