Ракометар асистираше за победнички гол на фудбалски натпревар!

Несекојдневна приказна пристигнува од фудбалскиот шампионат на Фарските Острови каде што ракометар влезе во игра и асистираше за победничкиот гол на неговата екипа.

Поранешниот младински репрезентативец на Фарските Острови во ракомет е дел од водечкиот тим во фудбалското првенство на земјата. Изминатиот викенд после подолго време Хилмар Леон Јакобсен настапи за својата екипа ХБ Торшавн и асистираше за победничкиот гол против Фуглафјордур.

Јакобсен последен пат настапил на фудбалски натпревар во 2014 година, а тогаш имал и повик во младинската фудбалска репрезентација, но никогаш не заиграл. На овој меч неговиот тим имал многу проблеми со повреди што била главна причина Јакобсен да добие шанса во второто полувреме.

После добриот период во фудбал до 2014 година, тој повеќе се посвети на ракометот и настапи со репрезентацијата на Светското младинско првенство во 2017 година во која беше еден од носителите на играта.