Ракометарите со итно барање до ИХФ – да се одложат квалификациите за Олимписките игри!

Европското здружение на професионални ракометари побара од ИХФ веднаш да го разгледа барањето за одложување на квалификациските турнир за пласман на Олимписките игри во машка конкуренција од 17 до 19 април

Практично сите шампионати низ Европа се стопирани, останаа само мал број активни, а сето тоа поради пандемијата со коронавирусот.

„Европското здружение на професионални ракометари ја следи ситуацијата со развојот на коронавирусот. ИХФ мора да ги преземе сите неопходни мерки за да осигура сигурност на сите играчи и ракометните работници, бидејќи тоа е приоритет. Поради развојот на ситуацијата, бараме од ИХФ итно да се одложат квалификациите за ОИ. Непочитувањето на оваа ситуација од страна на ИХФ ќе ги донесе играчите до кавга меѓу нивните репрезентации и клубови, а тоа не е фер. УЕФА веќе покажа такви мерки и веќе ги одложи натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа“, се вели во соопштението.

Доколку ИХФ го прифати ова барање за одложување на машките турнири за квалификации на ОИ, истото ќе мора да го стори и со женските кои се на програмата од 20 до 22 март.

Машките турнири треба(ше) да се одржат од 17 до 19 април.