Ракометарите на Еурофарм Пелистер во акција – Го промовираат Пелистер Траил маратонот (ФОТО)

Дел од играчите на Еурофарм Пелистер денеска се најдоа на снимање како дел од промотивниот спот за првиот маратон во планинско трчање (Pelister Unique Trail Marathon) кој треба да се одржи на 21 и 22 август.

Чаневски, Мараш, Костески, Маналиниќ, Периќ, Граџан и Димитровски беа играчите кои се дружеа со организаорите на оваа трка. Во огранизацијата на оваа трка е и поранешниот член на клубот и како играч и во неговото раководство, Златко Димитровски, па во следниот период ќе биде направена промоција на оваа трка.

На скијачката патека „Ниже Поле“ беше организиран импровизиран ракометерн натпревар, а ракометарите одлично се снајдоа и во улога на „манекени“ и позираа за потребите на организаторите.

Еурофар Пелистер – Промоција на Пелистер траил маратон