Ракометарите заминаа на СП: Ве испраќаме како резервисти – да се вратите како медалисти (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите кои се најдоа на списокот на селекторот Данило Брестовац го напуштија хотелот каде што беа сместени во последните две недели и тргнаа на ново учество на Светските првенства.

Репрезентативците и комплетната експедиција со чартер заминува за Каиро каде што утревечер го игра првиот натпревар на Мундијалот против Шведска од 20:30 часот.

Во составот се вкупно 20 ракометари меѓу кои има и неколку дебитанти, а составот има доста измени во однос на претходните првенства. Со оглед на тоа што во последен момент дојде до вклучување на првенството мораше да се организира сè во краток временски период и играчите да се најдат на пат за Египет.

Сепак, подготовките во минатите денови беа насочени кон тоа дека ќе се учествува на првенството, па тоа на крај и се покажа добро така што сега ќе може да се покаже добра форма.

Сите играчи кои се дел од тимот се подготвени, а како што може да се види од фотографиите атмосферата е одлична.

Македонија – тргна на СП во Египет

Ракометарите кои се најдоа на списокот на селекторот Данило Брестовац го напуштија хотелот каде што беа сместени во последните две недели и тргнаа на ново учество на Светските првенства. Репрезентативците и комплетната експедиција со чартер заминува за Каиро каде што утревечер го игра првиот натпревар на Мундијалот против Шведска од 20:30 часот. На пат за Каиро селекторот Данило Брестовац и неговите асистенти Никола Матлиески и Александар Царчев ги поведоа: Лазаров, Митревски, Томовски, Даниловски, Димитриоски, Кузманоски, Поповски, Костески, Талески, Георгиевски, Мишевски, Младеновскиќ, Кузмановски, Танкоски, Крстевски, Серафимов, Велковски, Стоилов, Маркоски и Пешевски.

На пат за Каиро селекторот Данило Брестовац и неговите асистенти Никола Матлиески и Александар Царчев ги поведоа: Лазаров, Митревски, Томовски, Даниловски, Димитриоски, Кузманоски, Поповски, Костески, Талески, Георгиевски, Мишевски, Младеновскиќ, Кузмановски, Танкоски, Крстевски, Серафимов, Велковски, Стоилов, Маркоски и Пешевски.