SEHA GAZPROM LEAGUE - SEASON 2019/20 03.09.2019. ROUND 01 HC MESHKOV - HC VESZPREM

Разгор: Без разлика на формата, против Вардар во Скопје никогаш не е лесно да се игра

Еден од поискусните ракометари во редовите на Мешков Брест, Симон Разгор добро знае како е и да се победува и да се губи против Вардар бидејќи во последните години има одиграно многу натпревари против „црвено-црните“. Тој беше актер на многу средби, па оттаму и за денешната имаше позитивни коментари за Вардар.

И тој, како и тренерот Раул Алонсо призна дека ова бил средба на која Вардар одиграл многу подобро.

„Вардар беше подобриот тим денеска. Дојдовме во Скопје со проблеми со повредени играчи и тоа ни се одрази и на нашата игра. Меѓутоа и Вардар има проблеми. Мислевме дека можеме да победиме. Верувавме во тоа дека можеме да направиме нешто. Сепак, имавме катастрофален почеток на вториот дел кога не одигравме како што треба и после беше тешко. Вардар е Европски првак и без разлика на формата во која игра не е лесно ниту да се игра, а уште потепко е да се победи против него особено во Скопје. Ние ќе се обидеме да го направиме тоа на наш терен“, коментираше Разгор.

Во следното коло, Мешков Брест игра против Веспрем, а со Вардар ќе се соочи пред своја публика во 9. коло.