Радовиќ се премисли, и следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер

Иако пред еден месец се појави информација дека ракометарот од Црна Гора, Мирко радовиќ ќе го напушти Еурофарм Пелистер, дојде до менување на планот и Црногорецот ќе го продолжи својот претстој во Битола.

Радовиќ останува дел од тимот на Еурофарм Пелистер така што соработката ќе продолжи, па сега е јасно дека нема да биде ангажиран нов ракометар на позицијата десно крило.

Продолжувањето на соработката доаѓа на заедничко задоволство така што тој и понатаму ќе биде избор за позицијата десно крило и по потреба во бековската линија

Се работи за играч кој е дел и од репрезентацијата на Црна Гора и кој е секогаш меѓу поборбените во одбраната. Оттаму Еурофарм Пелистер го задржува нивото на квалитет и во новата сезона на десната страна.

На позицијата десно крило во тимот на Еурофарм Пелистер играат и Ненад Костески и Милан Ѓукиќ, а тие се исто така од договор со клубот.