Радовиш се засили со двајца странци – потпишаа десниот бек Лојаничиќ и пикерот Кобеиси

Тимот на Радовиш во пролетниот дел од сезоната во Суперлигата ќе брка опстанок со уште седум екипи. За да успее во целта, раководството на овој тим веќе договори две странски засилувања – десен бек и пикер.

Десниот бек доаѓа од Србија, Милош Лојаничиќ, а станува збор за ракометар што има 31 годинA (193/95) и игра во двата правци.

Потекнува од Врбас, беше член на Раднички Крагујевац, Спартак Војпут, а на интернационална сцена играше за хрватскиот Осијек, финските ХИФК и ПИФ, турските Гозтепе и Анталија, босанската Вогошча, израелскиот Хапоел Кирјат и Макаби Тел Авив.

Лојаничиќ беше во комбинација за трансфер во уште две македонски екипи, но на крајот сепак потпиша за Радовиш. Второто засилување за тимот на Љупче Мијалов доаѓа од Либан, а станува збор за пикерот Али Кобеиси.

До крајот на оваа недела веројатно ќе има уште еден нов играч во Радовиш, па станува јасно дека не чекаат тешки и неизвесни битки за опстанок во плеј-аут.