Радовиш продолжува без лидерите: Долдуров и Ѓорѓиев ја завршија кариерата! (ФОТО)

Долгогодишните ракометари на Радовиш, Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев, ја завршија кариерата.

Долдуров, кој играше на лево крило во тимот, а во последно време и на позицијата пивот, реши да стави крај на активното играње и натпреварот со Прилеп беше последен во неговата кариера.

Исто така и капитенот Ѓорѓиев, кој играше на позицијата десно крило, го одигра последниот натпревар во кариерата против Прилеп минатиот викенд.

Клубот им се заблагодари за придонесот со подароци, а нивните места ќе бидат пополнети со младите Кристијан Ристов и Филип Трајанов, кои подолго време се дел од првиот состав на Радовиш.