Радовиш преку Металург РА до четвртфинале на Купот

Екипата на Радовиш успеа да слави против Металург РА со 30:25 во елиминациските натпревари од Купот на Македонија.

Младиот состав на Металург РА добро се држеше во почетните минути иако заостануваше два голa. Избраниците на Владимир Глигоров во половината од првиот дел се вратија во игра со голот на Шкријељ за 7:8. Радовиш преку најновите засилувања го одржуваше водството од два голови. Со четирите голови на Илиев и добрата одбрана екипата на Радовиш на полувреме замина со предност од пет разлика, 12:17.

Во второто полувреме гостинската екипа го зголеми водството на 12:20 и веќе беше познато кој ќе патува во четвртфиналните средби. Првиот гол во вториот дел домашната екипа го постигна во 36.минута преку Прцуловски. Иако водството на Радовиш беше и девет разлика, Металург РА, успеа до крајот да забележи пристоен пораз.

Најефикасен ракометар во Радовиш беше Ивица Илиев со осум погодоци. Во домашната екипа свое шутерско издание имаше Филип Николов со девет погодоци.