Радовиш остана без единствениот странец – замина Александар Вујниќ

Последнопласираниот тим во Суперлигата, Радовиш, остана без единствениот интернационалец во составот.

Од клубот замина српскиот лев бек Александар Вујниќ, кој дојде пред стартот на новата сезона и беше меѓу најдобрите стрелци на радовишани.

Претходно заминаа и тренерот Васил Василев, десниот бек Дино Мехиќ, како и левото крило Зоран Стојановски.

Јасно е дека Радовиш ќе игра во плеј-аутот и го чека голема борба за опстанок во суперлигашкото друштво во пролетниот дел од сезоната.