Радовиш немоќен покрај езерото, Струга запиша нови бодови 

Ракометарите на Струга имаа добро издание во 12. коло од Супер лигата и на домашен терен славеа сигурна победа против составот на Радовиш со 24:20 после доминација во текот на целиот меч.

Струга добро го отвори дуелот, Блажески и Бајрактаревиќ погодија за почетно водство на домашниот тим. После 4:1, избраниците на Танески имаа и 9:4 предност со што најавија дека се решени да ги освојат бодовите. Радовиш се обидуваше да се врати во игра, но сите обиди беа неуспешни и после првото полувреме гостинскиот тим имаше висока негатива. После 30. минути игра резултатот беше 16:10.

Во продолжението Струга без многу проблеми ја одржуваше позитивата. Разликата постојано беше пет или шест гола, а Радовиш беше немоќен да се врати во игра и да направи пресврт. До крај гостите само го ублажија поразот. Прв стрелец во екипата на Струга беше Владан Кастратовиќ кој натпреварот го зарши со шест погодоци. По четири гола постигнаа Филип Пајковски и Жарко Бајрактаревиќ. Во екипата на Радовиш најефикасен со пет гола беше Здравко Постолов.

Ова беше трета победа на екипата на Струга која се наоѓа на 10. место на суперлигашката табела пред Радовиш кој останува на една победа на претпоследното место со три бода.

27 ноември 2021
24 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 ноември 2021 19:42 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.11.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1624Победа
РАДОВИШ1020Пораз

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
3Славе Јанковскилево крило03
5Бобан Савески-00
6Филип Пајкоскипивот14
7Бобан Блажескидесно крило02
9Пеце Ѓорѓиоскипивот02
11Тодор Јанкулоскидесно крило00
12Никола Матовиќголман00
14Мартин Табаковски-10
16Марио Стојаноски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек04
20Ивица Дукоскицентрален бек00
22Владан Кастратовиќцентрален бек06
24Ненад Костоскилево крило03
25Никола Цветаноскилев бек10
 Вкупно 324

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
2Филип Митев-00
3Зоран Стојановскилево крило01
4Александар Марковлев бек00
7Александар Долдуровлево крило01
10Здравко Постоловцентрален бек05
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек13
23Кристијан Ристовлево крило01
71Филип Трајановдесно крило03
77Александар Вујниќлев бек04
88Томче Трајчевскипивот12
 Вкупно 220

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515