Радовиш има нов пикер – потпиша Томче Трајчевски

Тимот на Радовиш полека го комплетира ростерот пред стартот на новата сезона во Суперлигата.

Откако беше решено тренерското прашање со ангажманот на Васко Василев, полека се работи на играчкиот кадар. Второ засилување за радовишани е пикерот Томче Трајчевски.

Трајчевски потекнува од Преспа, а до лани беше дел од Јуниор Кисела Вода, но тимот не успеа да се избори за опстанок во елитата.

Претходно радовишани го ангажираа и голманот Александар Мицев, а од тимот заминаа Ивица Илиев и Ристе Чапов, како и тројцата странци – Лојаничиќ, Ачимовиќ и Кобеиси.

Договорите беа продолжени со Паунов, Ристов, Стојановски, Ѓорѓиев, Трајанов, Долдуров, Постолов, Марков и Органџиев.