Радовиш има нов голман – потпиша Александар Мицев

Тимот на Радовиш е меѓу најактивните на трансфер пазарот во летниот период и продолжува со составувањето на ростерот.

Ангажиран е нов чувар на мрежата, а станува збор за младиот Александар Мицев, кој лани го бранеше голот на Младост Богданци.

Мицев заедно со искусниот Славјан Паунов ќе формираат голмански тандем во тимот што во новата сезона ќе биде предводен од Васко Василев.

Тој потекнува од составот на Вардар Неготино, а освен за матичниот клуб, бранеше и за Тиквеш од Кавадарци, како и за Струга.

Радовишани досега ги продолжија договорите со Паунов, Ѓорѓиев, Трајанов, Ристов, Постолов, Органџиев, Долдуров и Марков, а Мицев е првото засилување.