Радичевиќ: Скопје е мојот втор дом, жалам што не освоив европска титула со Вардар

Најдоброто десно крило од последниот Мундијал во  Јапонија е Јованка Радичевиќ, која оваа сезона се врати во матичниот клуб Будуќност. Откако осум години помина во Ѓер, Вардар и ЧСМ Букурешт, Радичевиќ реши дека е време за камбек во татковината, но се уште со воодушевување говори за „црвено-црниот“ тим и македонската метропола.

„Скопје е мој втор дом, таму поминав пет преубави години. Тоа ми е најубав дел од кариерата, иако со Ѓер освоив ЛШ. Скопје е како Подгорица, сличен менталитет, љубезни луѓе, имавме феноменални услови, жал ми е што не освоивме европска титула. Два пати игравме во финале, а иако не сакам да зборувам за судење, мислам дека во едното бевме оштетени од судиите. Жал ми е и за човекот кој толку години вложуваше во нас, а не ја освоивме таа титула. Прекрасни спомени ме врзуваат за Скопје, имам многу пријатели таму и тоа е дефинитивно мојот втор дом“, изјави Радичевиќ во интервју за црногорските медиуми.

Со Будуќност успеа да се пласира во главната рунда во Лигата на шампионите, а црногорскиот тим засега се наоѓа во добра позиција за место во четвртфиналето.