Радичевиќ и Грбиќ ја водеа Црна Гора до победа против Словенија

Репрезентацијата на Црна Гора во рамките од ЕХФ Евро Купот забележа победа на гостувањето во Љубљана против Словенија, со резултат 33:28.

Домашната репрезентација, која ја предводи поранешниот црногорски селектор, Драган Аџиќ, беше подобра во првите 30 минути и на полувреме имаше минимална предност од еден гол, 12:11.

Ракометарките на Бојана Поповиќ во вториот дел предводени од Радичевиќ, Грбиќ, како и голманката Батиновиќ, успеаја да воспостават резултатска контрола, со која дојдоа до посакуваната победа.

Во победничката репрезентација најефикасни беа двете поранешни ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ со девет и Итана Грбиќ со осум погодоци, додека по четири гола постигнаа Ема Рамусовиќ и Ѓурѓина Маловиќ. Во репрезентацијата на Словенија најефикасна беше Ана Грос со десет погодоци.