Радичевиќ: Да не бев ракометарка ќе бев пејачка, најмногу трошам на облека и ташни

Екс вардарката Јованка Радичевиќ се врати во својата матична земја и со голем успех настапува во Будуќност каде ште е еден од најдобрите стрелци. Таа има богата кариера низ европските клубови а успеа да стигне и до трофејот од Лигата на шампионите.

Во интервју за црногоркиот aktuelno.me Радичевиќ говорше за тоа на што троши најмногу пари, што би била доколку не се занивама со ракомет, што после кариерата како ракометарка и уште детали од животот.

„Најтешко ми паѓаше што морав да заминам од семејството, на 24 години одлучив да заминам од Црна Гора и да се испробам во некоја друга земја и клуб. Секое доаѓање дома и повторно заминување беше многу стресно и секогаш исто како и првиот пат. Семејството за мене е најголемо богатство и успех“, рече Радичевиќ.

Јованка жали што нема подобар глас, а би сакала да може да запее барем за домашна атмосфера и друштво.

„Жал ми е што немам добар глас, а би била пејачка барем са своја душа и друштво затоа што животот е убав и едноставен и треба да биде песна секој ден. Кога ќе се разбудиме здрави треба да пееме. Секако дека после кариерата ќе останам во спортот, но што ќе бидам сè уште не знам точно“, продолжи Црногорката.

Како и најголемиот дел од дамите и Радичевиќ не може да му одолее на шопингот и модните трендови. Истакнува дека исто така модата и е страст.

„Секако дека сакам мода, особено фустани. Без разлика што се занимавам со спорт често носам штикли и фустани и надвор од терените се облекувам така. Најмногу пари дефинитивно давам за облека и ташни, тоа е нешто што најмногу обожавам“.