Работно во Загреб – потпишани договори со двајца ракометари

Тимот на Загреб го потврди останувањето на голманот Дино Славиќ, но и се засили со Фабијан Грубишиќ.

Преговорите помеѓу Загреб и Грубишиќ се водеа подолго време, а изгледа дека одличниот настап на Грубишиќ токму против Загреб беше причина за конкретен договор.

Грубишиќ е играч кој игра на позицијата десно крило. После потписот на договорот не го криеше воодушевувањето.

„Се чувствувам феноменално, сепак потпишав за клуб кој е шампион на Хрватска и кој игра во Лигата на шампионите. Мислам дека сон на секое дете е да заигра за ППД Загреб. Преговаравме некое време, но одлучивме дека сега е најдобро време да дојдам во Загреб. Одиграв одлично баш против Загреб во минатото коло, а сега кога сум од другата страна малку е потешко. Одлично бев пречекан, дел од соиграчите ги познавам и од репрезентативните собири“, изјави Грубешиќ.

Дино Славиќ кој е еден од најважните во тимот на Загреб го продолжи договорот за уште една сезона.

„Како што е познато дојдов од Шпанија и потпишав на една година. Меѓутоа клубот изрази задовлство и сакаше да го продолжи договорот на уште една година. Добро се чувствувам и има добра минутажа. Дојдов тука како втор голман, но добив поголема минутажа и доверба, тоа навистина многу ми значи. Мислам дека оваа екипа потенцијал за напредок за уште подобра игра и добри резултати“, изјави Славиќ при потписот на договорот.