Работнички тестира Црногорец и Либанец

За пролетниот дел од сезоната во машката Супер лига, екипата на Работнички веројатно ќе се засили со најмалку 1 или 2 нови ракометари. На проба во тимот од „Јане Сандански“ веќе има двајца интернационалци. Едниот е Црногорец а другиот Либанец. И двајцата играат на позицијата на пивотмен.

Црногорецот Лука Вујовиќ досега настапуваше за екипата на Металург, па откако реши да замине од Автокоманда сака да остане во Македонија. Покрај него во тимот на Работнички е пристигнат и ракометарот Али од Либан. Тој е на студии во Скопје и сака да ја продолжи и спортската кариера.

Тренерот Стојан Петрушевски во овој период во тимот ги нема сите ракометари, бидејќи Карапалевски, Ќосевски, Крстевски и Атанасовски се со тимот на Вардар 1961. Работнички во пролетниот дел ќе се бори за опстанок во плеј-аутот во домашното првенство. Во регуларниот дел имаше две победи и беше шестопласиран во својата група.