Работнички лесно се справи со Шампион и запиша нов триумф

Ракометарите на Работнички ја остварија својата шестта победа во групата А од Првата лига откако на гостувањето кај екипата на Шампион остварија лесна и убедлива победа од 35:22.

Почетните минути поминаа во израмнета игра, Работнички со серија од 5:1 стигна до првото повисоко водство од 10:6. До крајот на првиот дел Работнички имаше целосна контрола и обезбеди убава предност од 19:12 пред продолжението.

Уште во раната фаза од второто полувреме гостите стигнаа до двоцифрена предност и го решија победникот на натпреварот. До крај на средбата Шампион немаше сили за нешто повеќе и забележа нов пораз.

Предводник до победата на Работнички беше Ѓорѓи Дука со осум погодоци, а по шест гола постигнаа Дамјан Јакимовски и Давид Димевски. Во тимот на Шампион најефикасни со по шест гола беа Александар Велјановски и Бобан Дебрешлиоски.