Пуштени во продажба дневните билети за ЕП во Македонија

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги известува љубителите на ракометот дека во тек е продажбата на билети за претстојното Европско првенство 2022 кое ќе се одржува во Скопје, Целје, Љубљана и Подгорица од 4 до 20 ноември годинава.

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс низ Македонија (физички продажби).

Детални информации околу набавката на билетите може да најдете на овој ЛИНК.

Онлајн продажбата се одвива преку интернет страницата на Европската ракометна федерација, односно на следниот ЛИНК.

Цената на дневните билетите за овој шампионат се движи од 927 до 3090 денари.

Како што е веќе познато, македонската репрезентација ќе игра во група со Франција, Романија и Холандија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.