ПСЖ со уште една победа го потврди местото во четврт-финале

Екипата на ПСЖ со победа и на реваншот против Целје од 31:23 дојде до пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Шампионот на Франција имаше лесен натпревар на кој од почетокот на средбата имаше водство и го одржуваше до крајот. Триумфот од 37:24 на првиот натпревар одигран на гостински терен во Словенија беше само мотив плус за момците на Раул Гонзалес така што на реваншот беше доста мирно.

После 14:12 на полувреме во продолжение беше само задача да се одржува водството кое без поголеми проблеми беше зголемено. На крајот ПСЖ славеше со … и со две високи победи си обезбеди пласман во следната фаза од елиминациите каде што ќе биде доста интересно бидејќи ривал на ПСЖ ќе биде составот на Кил.

Најефикасен играч на ПСЖ во оваа победа беше Дилан Нахи со седум гола, додека Недим Ремили заврши со пет погодоци. Голманите Жерард и Генти имаа вкупно седум одбрани. Во Целје Вујовиќ имаше исто така седум интервенции, додека Хорцен со шест и Грошељ со пет гола беа најефикасните.