ПСЖ се исплаши да патува во Запорожје, ЕХФ веднаш го одложи дуелот со Мотор

Неизвесната ситуација во Украина започна да создава проблеми во одигрувањто на меѓународните натпревари. Натпреварот помеѓу Мотор Запорожје и ПСЖ нема да се одигра.

Мотор и ПСЖ требаше да играат меч ов 11. коло од Лигата на шампионите, а тимот од Франција беше многу загрижен за ситуацијата во Украина и веднаш побара одложување.

Доколку тимот предводен од Раул Гонзалес прифатеше натпреварот да го игра во Запорожје, ризикуваше да остане заробен во Украина. Можни се логистички проблеми, односно неизвесно е дали авио-компаниите ќе летаат или пак ќе ги откажат летовите за Украина.

Затоа доцна синоќа Европската ракометна федерација донесе одлука натпреварот да биде одложен и да се одигра во нареден слободен термин, или во Запорожје или на неутрален терен.