ПСЖ останува најбогат клуб во Франција, следуваат Нант, Монпелје…

Екипата на ПСЖ, која е предводена од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, има најголем буџет во Франција.

Сопствениците на ПСЖ оваа сезона ќе одвојат 16,4 милиони евра за клубот, додека во минатата сезона  „светците“ на располагање имаа 16,5 милиони евра.

Нант е на второто место со 9,2 милиони евра, а потоа следи Монпелје со 9,1 милиони евра.

Останатите клубови располагаат со помал буџет, додека најмалку финансиски средства за оваа сезона има Дижон, кој е единствениот клуб со буџет под три милиони евра.

Буџет на француските клубови за сезона 2023/24:

1 – ПСЖ: 16 425 576€

2 – Нант: 9 219 000€

3 – Монпелје: 9 126 756€

4 – Екс ан Прованс: 6 261 051€

5 – Ница: 5 834 647€

6 – Лимож: 5 494 125

7 – Шамбери : 5 113 301€

8 – Данкерк: 4 656 265€

9 – Сент Рафаел: 4 276 566€

10 – Сесон: 3 997 450€

11 – Шарт: 3 810 000€

12 – Тулуз: 3 661 116€

13 – Кретеј: 3 377 264€

14 – Саран: 3 334 299€

15 – Иври: 3 111 965€

16 – Дижон: 2 905 000€