„ПСЖ и во новаата сезона ќе има голем буџет, пак ќе се бориме со најдобрите…“

Екипата на ПСЖ и покрај големите вложувања уште еднаш не успеа да ја оствари целта да стане шампион на Европа. Сезонава дури не успеаја да се пласираат на завршниот турнир во Келн.

Ивршниот директор на ПСЖ, добро познатиот поранешен голман Тјери Омејер во интервју за lequipe.fr  ја сумираше сезоната на клубот и истакна дека ниту еден успех не треба да се потценува.

„Сите помалку го намалуваат значењето на титулата во домашниот шампионат. Повторно станавме шампиони, ова е деветти пат а осми по ред. Не треба да се потцени важноста на трофејот бидејќи првенството е сè посилно. Тренерот и ракометарите завршија добра работа со освојувањето на првенствтото и купот. Секако сите во клубот се разочарани со неуспехот во Лигата на шампионите бидејќи решавачкиот гол беше постигнат во последните пет секунди. Веќе осум години сме во топ пет клубови во Европа, важни се постојаноста и стабилноста. За следната сезона повторно имаме голем буџет кој ќе ни овозможи да се бориме со најдобрите француски екипи. Сепак, заради даноците не можеме реално да се натпреваруваме со полските и унгарските клубови, но овој проблем не е само во ракометот“, изјави Омејер за lequipe.fr.

ПСЖ го освои домашното првенство со максимален учинок и победи на сите натпревар, додека во Лигата на шампионите беше елиминиран во четвртфиналето од Кил во драматичен двобој.