Професионален ракомет ќе се игра и во САД – лигата стартува во 2023 година!

Ракометниот сојуз на САД и Веризон, една од најголемите маркетинг агенции на тие простори која е предводена од извршниот директор Ханс Вестберг, склучија договор за соработка кој треба да придонесе на просторот на САД да се формира професионална лига.

Вестберг е поранешен претседател на шведскиот олимписки сојуз и истакна дека се надева дека соработката со федерацијата ќе го унапреди ракометот на просторите на САД. Исто така директорот на Веризон истакна дека ова е последен обид да тргнат и да се подобрат работите во спортот кој е многу малку популарен во САД.

Проектот е направен на тој начин што е планирано да стартува лига со десет клуба чиј годишен буџет би бил помеѓу три и пет милиони долари. Останува да видиме дали овој проект ќе се реализира во иднина и ќе придонесе за развој на ракометот во САД.