Промена на терминот – Македонија ќе игра ден подоцна со светскиот првак

Иако претходно беше најавено дека машката сениорска репрезентација ќе се соочи со светскиот првак Данска на 10 март, сепак нема да биде така.

За новиот селектор Кире Лазаров да има уште еден за подготовка со репрезентативците, одлучено е овој дуел да се игра ден подоцна, на 11 март.

Времето останува непроменето, ќе се игра во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а вториот меч ќе се игра во Алборг на 14 март.

Собирот на репрезентативците би требало да биде во понеделник на 8 март.

Македонија по првите две кола има две победи над Финска и Швајцарија, и се наоѓа на чекор до пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Првиот меч по одбраната на светската титула, Данска ќе го игра против Македонија!