Промена на СТРУГА 2023: Партизан откажа, но доаѓа друга екипа од Србија

Претстојното лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година и ќе се одржи 51. издание на Струшкиот турнир.

Организаторот направи една промена во споредба со претходно најавените учесници и наместо најавениот српски тим Партизан, кој во меѓувреме доби ново раководство и нов стручен штаб, доаѓа Динамо Панчево, исто така амбициозен тим од Србија.

За разлика од минатото лето, ова лето од 16 до 19 август покрај езерото ќе играат шест екипи, од кои три се домашни, а три странски. Организаторот одново најавува одлични натпревари и четири дена уживање покрај езерото.

Покрај домаќинот Струга и Динамо Панчево, ќе учествуваат уште две странски и две македонски екипи. Тоа се Вардар, потоа тимот на Кире Лазаров, шампионот на јужниот сосед на Македонија – АЕК Атина и шведскиот Ескилстуна Гуиф.

Најтрофејни екипи на овој турнир се Вардар и Еурофарм Пелистер со по 13 титули, но битолчани нема да ја бранат титулата освоена минатата година. Меѓу они кои освоиле по четири титули се Металопластика Шабац од Србија и Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина.

Од македонските екипи покрај водечките Вардар и Еурофарм Пелистер, турнирот во Струга го освојувале уште и Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш. 14 различни екипи од осум земји досега победуваме во Струга.