ПРОМАШУВАЊЕ НА ГОДИНАТА: Не успеа да погоди во празен гол од седум метри! (ВИДЕО)

Ракометарот на Келце, Владислав Кулеш пред почетокот на оваа сезона на своја сметка имаше критики од тренерот Талант Душебаев поради неговата лоша форма во текот на подготвителниот период.

Репрезентативецот на Белорусија покажа дека сеуште е во лоша форма кога на натпревар од полското првенство од чиста позиција го промаши целиот празен гол на противникот.

Неговата грешка немаше негативно влијание на резултатот бидејќи тоа се случи во финишот на првото полувреме. Келце убедливо го доби натпреварот против Калиш со 37:29.