Пролет ги одработи подготовките во Маврово, следуваат тестови со Металург, Еурофарм Пелистер…

Тимот на Пролет успешно ги одработи подготовките во Маврово, на кои тренерот Никола Матлиески имаше можност да ги види на дело сите ракометари кои ќе ги бранат боите на клубот во новата сезона.

Акцентот беше ставен на подобрување на физичката подготвеност по повеќемесечната пауза од терените, а во последните денови се почна и со тактички подготовки за претстојната сезона.

Периодот на воигрување допрва следи, па така за наредните денови се закажани пет пријателски натпревари на кои тренерот Матлиески ќе може да го воигра тимот пред премиерниот меч против Јуниор Кисела Вода.

На 25 и на 26 август Пролет ќе одигра две пријателски средби против Работнички, а за 27 август е предвидена пресметката со Металург. На 2 септември на домашен терен ќе го пречека тимот на Прилеп, а последната контролна средба ќе ја игра на 6 септември против Еурофарм Пелистер.