Пролет стартува од првото квалификациско коло во ЛЕ, ќе биде носител пред ждрепката (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави екипите што се пријавија во второто по ранг клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Освен Еурофарм Пелистер, кој е пласиран директно во групната фаза, во ЛЕ ќе игра и тимот на Пролет, кој ќе стартува од првото квалификациско коло.

Пролет е на 23 позиција на ранкингот на екипите во Лигата на Европа и ќе биде носител пред ждрепката за првото квалификациско коло, а доколку обезбеди пласман во втора рунда, и таму ќе биде носител.

Првите ннатпревари ќе се играат на 29/20 август, додека реваншите се на програмата една недела подоцна.