Пролет се загрева во Скопје, а во Маврово ќе ја крева формата

И тимот на Пролет стартуваше со тренинзи за новата сезона, а сите ракометари веќе ги одработуваат задачите поставени од страна на тренерот Никола Матлиески.

Тој почна со спроведување на својот план така што засега сè тече според планираното.

„Почнавме со тренинзи и со остварување на планот. Комплетни сме и ова е само почетна фаза. Допрва следува главното. Ќе работиме уште десет дена во Скопје, па потоа заминуваме за Маврово. Засега ќе имаме по еден тренинг дневно. Планот е во Маврово да работиме од 15 до 22 август, а потоа ќе одработиме и 2-3 контролни средби. Ќе бидат во намален број поради ситуацијата“, вели тренерот на Пролет, Никола Матлиески.

И годинава, Пролет претендира на пласман во плеј-офот така што се очекува ова да биде нова убава сезона.