Пролет не виде мака со битолчани

Тимот на Пролет триумфираше на последниот контролен натпревар во пресрет на новата сезона, славејќи со убедливи 28-19 над Еурофарм Пелистер 2.

Во главна улога беше голманот Петар Ангелов, кој бранеше во голем стил во првото полувреме, кога беше создадена и клучната разлика.

Пролет тргна фуриозно од самиот почеток, а одличната игра во одбраната на чело со Ангелов придонесе уште на половина од првото полувреме избраниците на Матлиески да водат со 8-2.

Гостите од Битола беа немоќни да фатат резултатски приклучок, па и покрај обидите за камбек, на одмор се замина со плус шест за Пролет, 14-8.

Домашниот состав продолжи со одлична игра и на почетокот од вториот дел, поведувајќи со 18-9 и јасно ставајќи им до знаење на гостите од Битола дека немаат шанси да стигнат до пресврт.