Проклетството на „зебрите“ продолжува: Големото дерби меѓу Кил и Алборг заврши без победник

Кил не се врати на победите во Лигата на шампионите откако на свој терен ремизираше со дански Алборг со 36-36 (17-16). Германскиот вицепрвак по два порази во низа запиша само нов бод на своето конто во група Б, во трката за подобро место и полесен противник во осминафиналната фаза.

Алборг ја презема иницијативата и контролата над резултатот, речиси во целиот прв дел имаше предност од минимални гол или два разлика, но во самиот финиш го загуби водството па Кил замина на пауза со предност од 17-16. Во 9.минута Алборг имаше највисоки „плус три“, но во средина на првиот дел брзите напади и неизнудените грешки го вратија Кил во игра. Токму во тој период Мрква го замени Ландин на голот, а во 18.минута пивотот Оверби го израмни резултатот на 12-12. Изедначената игра им овозможи на Германците за прв пат преку Билик да дојдат до предност од 16-15, а до паузата двете екипи постигнаа по уште еден гол.

Вториот дел започна слично како првиот, Алборг ја имаше иницијативата и бргу ја надомести негативата од полувреме а до 40. минута ја врати највисоката разлика од три голови, 25-22. И слично како во првиот дел Кил до 48 минута повторно го изедначи резултатот. Во средината на вториот дел Кил ја промени одбраната, па на истурениот „индијанец“ Дувњак, далеку од линијата за шест метри му се придружуваа уште два ракометари, а Алборг немаше соодветен одговор, затоа во 50. минута Јохансон од пенал линијата ја врати предноста во посед на домашниот тим (30-29).

На шест минути до крај Кил имаше предност од два погодока (32-30), но на Алборг му беа потребни само шеесет секунди да го израмни резултатот.  Во ефикасна завршница двете екипи ги користеа своите шанси, па во последната минута резултатот беше израмнет. По тајм-аутот на Филип Јиха, Кил го имаше последниот напад на натпреварот на 12 секунди до крајот, а во трка со времето Билик се обиде да постигне гол, но беше непрецизен. Затоа резултатот остана изедначен на 36-36.

Јохансон постигна 8 голови, Реинкинд и Воит запишаа по 5 за „зебрите“. Кај гостите Хансен постигна 7, го следеше Палмарсон со 5 погодоци, додека Нилсон постигна 4 голови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ ГРУПА Б

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
15514120224
26414110322
35314100420
4251480616
5-101451811
6-261451811
7-711440108
8-901400140