Продолжува „шпанската сапуница“ во Хрватска

Продолжуваат препукувањата на двете најдобри екипи во првенството на Хрватска, Нексе и ППД Загреб. Екипата од Нашице повторно се обрати кон ракометната федерација и побара потврда дека сезоната ќе продолжи.

Управниот одбор на Нексе, побара од федерацијата на седницата јасно да се изјасни дали првенството ќе биде прекинато или ќе продолжат натпреварувањата со почитување на пропишаните мерки и сезоната ќе заврши до 30. јуни.

„Повикуваме на дијалог и демократско донесување одлуки, како во овој така и во сите други случаи и бараме на утрешната седница на управниот одбор на ХРС да се потврди продолжението на сезоната и првенството да заврши до 30. јуни. Потсетувам дека ракометната лига нормално се играше и кога бројот на заразени беше многу поголем и кога од Ковид-19 беа заболени дури девет наши играчи и не гледам причина зошто лигата да не заврши во предвидениот термин, а поддржуваме одложените натпревари да се играат по завршување на регуалрниот дел. Веќе пет клуба ја одбија идејата за одложување а првенството и во ова не сме сами. Доколку некоја екипа има голем број заразени нивните натпревари нека се одложат и одиграат дополнително. Но, да го одложиме првенството во услови кога ниту властите не го бараат тоа, ниту сличните спортови во сала не се одложени, за нас е неприфатливо“, рече Јосип Ерговиќ, претседателот на Нексе.

После дописите и соопштенијата на двете екипи, веројатно ракометната федерација на Хрватска денеска ќе го има конелното решение за продолжение или одлагање на првенството. Од Нексе се повикуваат и на тоа што ЕХФ бара од националните федерации да се одиграат домашните првенства, дури и во земјите со полоша епидемиолошка слика од Хрватска.