Продолжува успешната низа – Македонија по седмипат на Европско, шестипат по ред

Репрезентативците на Македонија уште во средата против Финска го обезбедија местото на Европското првенство во Словачка и Унгарија во јануари, па денеска можеа мирно да одиграат против составот на Швајцарија.

Македонија врза го има веќе Европското првенство број 6 во серија или седмото учество на шампионатите на Европа вкупно во својата историја.

Веќе е добро познато дека Македонија првиот настап го имаше во 1998 година на шампионатот во Италија кога заврши на 12. позиција. Потоа следуваа шест првенства на кои квалификациите не беа поминати.

Од 2012 година кога на првенството во Србија беше освоено 5. место почна серијата која сега е продолжена. Македонија играше во 2014 година во Данска (10. место), во 2016 година во Полска (11. позиција), две години подоцна во Хрватска (11. место) и пред две години во Австрија, Норвешка и Шведска кога ракометарите финишираа на 15. позиција.

Во Унгарија и Словачка вторпат ќе играат 24 селекции, па на момците ќе биде да се покажат одново во добро издание.