Продолжува победничката серија на битолчани – Еурофарм Пелистер со лесен триумф над Бутел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжуваат победничката серија на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.

Откако победија на четири меча на Струшкиот турнир, вчера славеа над Вардар, а вечерва го совладаа и тимот на Бутел Скопје со 36-23.

Битолчани го обезбедија триумфот уште по првиот дел, кога имаа висока позитива од шест погодоци, 10-16.

Во второто полувреме, во двете екипи, шанса за настап добија сите ракометари од клупата, но тоа не го промени резултатот. Напротив, разликата се дуплираше и мечот заврши 23-36.

Битолчани се подготвуваат за настапите во регионалната СЕХА лига и Лигата на Европа, додека Бутел исто така за ЛЕ, но нивните обврски стартуваат веќе следниот викенд.