Продолжува доминацијата на Барселона – 12. титула во низа во првенството!

Во рамките од 25. коло во шпанското првенство Барселона ја победи Атаитасуна со 35:34 и така ја обезбеди 12-тата титула во низа шампион на Шпанија.

Барселона до титулата стигна на доминантен начин со 24 во 25 натпревари. Каталонците не изгубија на теренот во ниту една средба, но натпреварот против Торелавега го загубија на „зелена маса“ поради прекршување на правилата за пријавување на играчите.

За Барселона ова е 12-та титула во низа и вкупно 25-та во својата историја. Претходно Барселона стигна и до трофејот во Купот на Шпанија со победата против Гранољерс.

Најефикасен во редовите на Барселона беше Абељо кој постигна 11 гола од исто толку обиди, Фабрегас беше зад него со шест погодоци. На спротивната страна Гастон Фернандез беше исто така перфектен со „7 од 7“.