Проблем за Вардар: Стоилов поткривнувајќи го напушти теренот во Охрид!

В недела во Битола ќе се одигра дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое многу веројатно ќе го даде и шампионот на Македонија.

Голем проблем за „црвено-црниот“ тим би можела да биде евентуалната повреда на капитенот Стојанче Стоилов.

Тој на натпреварот против Охрид во СРЦ „Билјанини извори“, имаше незгоден дуел со домашната одбрана, падна и потоа кривејќи го напушти теренот.

Ако се знае дека на претходниот натпревар против Тиквеш во Кавадарци, се повреди и Тимур Дибиров, тогаш Вардар би можел да се најде во незгодна ситуација пред мечот со Еурофарм Пелистер.

Натпреварот во Битола се игра в недела во „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.