Проблеми за ЕХФ, екипа од Швајцарија се откажа од Лигата на Европа

Тимот од Унгарија, Алба без борба си доби можност за пласман во 3. рунда од Лигата на Европа, а причината е во откажувањето на тимот на брул од Швајцарија.

Како што информираат од тимот на Алба од ЕХФ веќе добиле известување дека се пласирале во слендата рунда, а причина за тоа е фактот дека Брул се повлекува од натпреварувањето.

Од Брул ја известиле канцеларијата на ЕХФ дека поради пандемијата со коронавирусот не се во можност да патуваат и затоа нема ниту да играат. Факт е дека Унгарија е меѓу најпогодените кога се во прашање ракометните тимови, но и во таква ситуација Алба се најде во следната фаза.

Ривалот за 3. рунда ќе го дознаат на 20 октомври кога ќе биде направена ждрешката за следната фаза во Виена.