Ковид прави проблеми: Винтертур и Еш ќе играат само еден меч во Лигата на Европа!

Швајцарскиот Фади Винтертур и тимот од Луксембург, Еш, ќе играат само еден натпревар во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Поради пандемијата со Ковид-19 и мерките за карантин, кои ги има воведено Швајцарија за граѓаните на Луксембург, одлучено е да се игра само еден натпревар на неутрален терен во Германија.

Домаќин на овој натпревар што ќе се игра на 6 септември од 12:30 часот ќе биде германскиот град Касел.

Останатите двојки од првото квалификациско коло (засега) е сигурно дека ќе се одиграат како двомечи (дома-гости), освен дуелите на Бутел и Ѓенѓеш, кои ќе се играат на унгарски терен.