Проблеми за ЕХФ – Австрија се откажа од организација на младинското ЕП!

Она што беше најавено пред два месеци, деновиве беше официјализирано – Австрија се откажа од организацијата на Европското првенство за младинци.

Австрија во соработка со Италија, требаше да биде домаќин во следниот месец на најдобрите 16 младински селекции во машка конкуренција, но тоа нема да биде случај.

Организаторите пресметаа дека финансискиот ризик е преголем да се организира ваков настан, а згора на се би можело да се игра и без гледачи, па ја известија ЕХФ дека нема да бидат домаќини.

Европската куќа на ракометот сега има проблем за решавање пред себе, а новиот организатор би требало да биде познат до крајот на месецот.